За нас
Добредојдовте на првата онлајн платформа за психотерапија на македонски и албански јазик.
Во ова извонредно време во кое живееме, најдоброто што може да го направиме е да се заштитиме себеси, да посветиме многу повеќе време и ресурси кон менталното здравје и да зацелиме од загубите и траумите.
Психомедика е една од првите приватни задравствени установи во Република Северна Македонија, која од 1993 година се занимава со невропсихијатрија и ментално здравје. Многубројни кадри поминале дел од својот работен век или се дообучувале во нашата организација.
После премрежјето на КОВИД-19, одлучивме дека сме подготвени за предизвикот „онлајн психотерапија“. Почувствувавме дека ова им е потребно на нашите клиенти.
Пред Вас е платформата која е работена со многу љубов, во која е испреплетена душата на креаторите и терапевтите.
Платформата е за сите клиенти кои се спречени да дојдат физички, за сите кои се далеку и не можат да си дозволат да земат слободен ден од работното место, за сите кои живеат толку далеку, а сакаат за душата да зборуваат на мајчиниот јазик. Всушност, платформата го следи современото живеење, во кое информациите се споделуваат брзо, а каде и да сме, можеме да бидеме блиску.
Платформата за онлајн психотерапија на Психомедика гарантира безбедна, дискретна и, пред сé, квалитетна психолошко-психијатриска помош.
Докторите кои работат на платформата имаат лиценца за работа во Република Северна Македонија.
Психолозите, педагозите, социјалните работници се обучени да работат во најмалку еден психотерапевтски правец. Нашите терапевти најчесто работат системска-семејна психотерапија, когнитивно-бихејвиорална терапија и гешталт терапија.
Се надеваме дека ќе ги исполниме Вашите очекувања. Ви благодариме што ја избравте нашата платформа да биде местото кое ќе го извади на површина најдоброто во Вас. Успехот е Ваш, ние ќе помогнеме да стигнете до него!