Д-р Ацка Тушевска Јованова

Д-р. Ацка Тушевска Јованова, специјалист по психијатрија, мр. сц. во областа на специјална едукација и рехабилитација (дефектолошки науки – насока интелектуална попреченост и аутизам)

Образование:

2000 г. – диплома за завршен Медицински факултет на универизтетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, звање – доктор по општа медицина.

2014 г. – диплома за завршена специјализација по психијатрија на Медицински факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, звање – специјалист по психијатрија.

2018 г. – магистратура во областа на интелектуалната попреченост и аутизмот од факултетот за специјална едукација и рехабилитација – универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

2020 г. – лиценца за судски вештак во областа на психијатријата, издадена од Министерство за правда на Република С. Македонија.

Работно искуство:

2014 – до денес: вработена во Општа болница Прилеп како специјалист по психијатрија и од ноември 2022 година – раководител на Невропсихијатриско одделение.

2020 – 2022 г. (панденија со Ковид 19) – волонтер на инфективно одделение и носител на смена без супервизија од специјалист инфектолог.

2009 – 2014 г. – специјализант на клиниката за психијатрија при Медицински факултет – Скопје, катедра за Психијатрија.

2011 г. – специјализант на КБЦ Ребро – Загреб при Медицински факултет Загреб, Хрватска.

2007 – 2014 г. – матичен лекар во приватна ординација по општа медицина „Др. Ацка“ – М. Брод.

2004 – 2008 г. – косопственик и медицински консултант во приватна ординација по општа медицина „Аурора“ – Прилеп.

2002 – 2008 г. – доктор по општа медицина во службата за итна медицинска помош при ЈЗУ Здрвствен дом – М. Брод.

2001 г. – доктор по општа медицина во приватна здравствена установа – Неготино.

Професионално поле:

Специјалист по општа и адултна психијатрија – работа со сите возрасти на пациенти и целокупна психијатриска патологија.

Судски вештак во областа на психијатријата – тесна соработка со локални и регионални судови и обвинителства.

Магистер на дефектолошки науки – работа со пациенти со интелектуална попреченост и психијатриски растројства од сите возрасти и работа со деца/адолеценти со психички потешкотии со или без интелектуална попреченост.

Обуки:

2001 – 2007 г. сите школи за дијабетес организирани од Клиника за ендокринологија – Скопје.

Учество на повеќе домашни и интернационални конгреси по психијатрија меѓу кои и неколку со активно учество. Активно учество на конференции и јавни трибини во областа на специјалната едукација и рехабилитација во земјата и регионот.