Mарија Дамјаноска

Јас сум Марија Дамјаноска, дипломиран психолог.
Интересот за луѓе во мене постоел од секогаш. Се запишав на психологија бидејќи сакав се поблуску да дојдам до најкомплексните механизми кои постојат во човечкото битие. Читав доста и се едуцирав. Сепак најголемото и најдлабокото патување беше преку сопственото искуство изучувајќи се себе сѝ преку методите и техниките на НЛП ( Неуро Лингвистичко програмирање)- применета психологија, 5 години во Скопје и Холандија. Завршив основен модул на семејни консталации како и Мастер модул за индивидуални сесии.
Имам доста големо искуство во неформалнато образование за деца, водено доста едкативни семинари и презентации за личен развој како и менаџирање на човечки ресурси.
Сакам да фотографирам,шетам во природа, да возам точак и да гледам филмови.
Верувам дека секој човек има пред се избор и слобода да е тоа што сака да е и да е среќен.
Ресурсите се во нас само некогаш ни треба некој да ни го запали светлото 🙂

Работно искуство:

2022-
Лтх-Леарница-Дооел Охрид, Автомобилска индустрија
Менаџер за човечки ресурси :
-Интервјуа и целосен процес на вработување
-Досиа на вработени
-Подготвување на разни договори, решениа и одлуки
-Организирање на тим билдинг и разни семинари
2020-2022
Бизи Груп- Струга, Кол центар-Амазон пратки
Финанскиски агент:
Изработка на финансиски извештаи (приходи и расходи), анализи, плати
2017- 2019
Бреинобреин Србија-академија за деца-Белгад, Србија
Менаџер за човечки ресурси :
-Супервизија и мониторинг на вработените
-Распределување на работни одговорности и задачи
-Семинари и обуки
-Евалуации за ефикасност на работата
2016-2018
-Предавач на семинари за личен и професионален развој – Модерен Едукатор (семинар за наставници базиран на методи и техники од НЛП-Неуро Лингвистичко Програмирање)
-Индивидуални коуч сесии
2011- 2017
Бреинобреин Европа-академија за деца-Скопје-Р.Македонија
Технички директор:
Менаџирање на човечки ресурси:
-Распределување на работни одговорности и задачи на вработените
-Учество во креиање на плати
-Техничка помош за надворешни соработници менаџери во други градови-потпишување на договори
-организирање на семинари
-уплата и работа со е-банкарство
2009-2011
Браинобраин Дубаи – академија за деца-Супер Киди-Дубаи
Едукатор
2008-2009
Медиа Артис Охрид-драмски работилници за психо-социјален поддршка
Фасилитатор
2007-2008
Црвен Крст Охрид
Волонтер и едукатор
2006-2007
Невладина-Тријаголник за лидерство во група
Учесник