Психолошка и правна поддршка на разделени и разведени родители – Работилница

1,200 ден

Опис

Целта на оваа работилница е едукативно-превентивна, а се однесува на доживување на детето на развод на брак на родителите. Ќе стане збор за тоа како децата од различна возраст(предучилишни, училишни, адолесценти) реагираат на разводот, како го прифаќаат и како да им се помогне подобро да се адаптираат на разводот на родителите. Исто така, родителите ќе можат да ги споделат сопствените емоции во врска со разводот и своите стравувања во однос на неговото влијание врз децата.

Праксата како и научните истражувања покажуваат дека разводот не мора негативно да се одрази врз децата доколку родителите знаат како да се однесуваат со нив, како и меѓусебно во периодот на разделбата и разводот, односно како  можат да им помогнат на децата полесно да го пребродат овој период.

Оваа работилница ќе овозможи размена на искуства во група и давање на практични и  стручни информации за различни аспекти на разводот и нивното делување врз децата. Оваа работилница ќе се одвива групно (до десет учесници), онлајн, со можност да се продолжи со работа во форма на групно или индивидуално советување или психотерапија.

Работилницата ќе Ви помогне да се олесни прилагодувањето на родителите и децата на нови животни околности, да се намалат тешкотиите кои се резултат на разводот, и, со зајакнување на родителските компетенции, родителите да се стекнат со чувството на задоволство од родителската улога и во вака изменетите околности.

Работилниците ќе ја води проф. д-р Драгана Батиќ, автор на книгатa Деца и развод-перспектива адолсцента, Задужбина Андрејевиќ, Београд, 2010, (во тек е нејзиното објавување на македонски јазик), настаната како резултат на долгогодишно практично искуство со овие семејства во Центар за социјална работа, како и преку научно истражување.

  • Максимален број на учесници е 10.
  • Работилница трае 90 минути.
  • Котизација
  • Секој учесник ќе добие материјали за понатамошно продлабочување на знаењето и вештините.