Психолошка и правна поддршка на разделени и разведени родители (Цела програма)
Original price was: 7,200 ден.6,900 денCurrent price is: 6,900 ден.
Опис
Почитувани родители кои сте разведени или во постапка за развод на бракот,
Колку пати сте се запрашале: Што ќе биде со моите деца? Како тие ќе го поднесат ова? Како да се однесувате, како да ја поднесете нивната болка, што да направите за да подобро ги разберете? Дали разводот секогаш мора да биде штетен по децата?
Праксата како и научните истражувања покажуваат дека разводот не моранеопходно негативно да се одрази врз децата доколку родителите знаат како да се однесуваат со нив, како и меѓусебно во периодот на разделбата и разводот.
Цели на програмата:
- Да се понудат информации кои ќе им помогнат на родителите подобро да ги разберат ефектите и влијанието на разводот и разделбата врз децата;
- Да им се овозможи на родителите да ги разберат потребите на своите деца во периодот на разделбата и потоа;
- Да се промовира здраво прилагодување на сите учесници на разводот, и деца и родители.
Темите за кои ќе се разговара ќе се однесуваат на :
- Емоциите и реакциите кои се јавуваат во периодот на разводот и кај родителите и кај децата;
- Начините на кои родителите ќе си помогнат себеси;
- Какви можат да бидат реакциите на децата во зависност од нивната возраст;
- Како родителите можат да им помогнат на децата полесно да го пребродат овој период;
- Важноста на комуникацијатапомеѓу родителите во периодот на разводот;
- Видувањата со другиот родител и многу други теми кои за вас ќе бидат интересни.
Програмата се состои од 6 работилници кои ќе овозможат размена на искуства во група и давање на практичнии стручни информации за различни аспекти на разводот и нивното делување врз децата. Овие работилници ќе се одвиваат групно (до десет учесници), онлајн, со можност да се продолжи со работа во форма на индивидуално советувањеили психотерапија.
Работилницитеќе Ви помогнат да се олесни прилагодувањето на родителите и децата на нови животни околности, да се намалат тешкотиите кои се резултат на разводот, и, со зајакнување на родителските компетенции, родителите да се стекнат со чувството на задоволство од родителската улога и во вака изменетите околности.
Работилниците ќе ги води проф. д-р Драгана Батиќ, автор на книгата Деца и развод – перспектива адолсцента, Задужбина Андрејевиќ, Београд, 2010, (во тек е нејзиното објавување на македонски јазик), настаната како резултат на долгогодишно практично искуство со овие семејства во Центар за социјална работа, како и преку научно истражување.
Во работилниците ќе се вклучи и Љиљана Багеска, Адвокат со специјалност семејно право.
- Потребни се минимум 5 учесници за да почне серијата на работилници.
- Максимален број на учесници е 10.
- Секоја работилница трае 90 минути. Честотата на одвивање на работилниците ја одредува групата со консензус.
- Групата го договара терминот заедно со проф. д-р Драгана Батиќ.
- Котизација за учество во програмата: 1200 денари по работилница, односно пакет од 6 работилници изнесува 7200 денари.
- Плаќањето може да се прави на три рати по 2400 денари. Доколку го платите целосниот износ одеднаш, добивате попуст со што цената за целиот пакет ќе биде 6900 денари.
- Работилниците ќе се одржуваат онлајн, за што ќе добивате линк на вашата е-маил адреса.
- Секој учесник ќе добие материјали за понатамошно продлабочување на знаењето и вештините.
- Програмата ќе започне во текот на септември 2021 година.