Психолошка поддршка за лица со хронична болест (Месечна претплата)
590 ден
Програмата е наменета за луѓето кои боледуваат или се грижат за некого кој страда од:
Кардиоваскуларни болести (срцеви болести, мозочен удар, висок крвен притисок и др.)
Дијабетес мелитус
Невролошки болести (мултипла склероза, паркинсонова болест и др.)
Малигни болести
Ревматолошки болести (ревматоиден артритис, системски лупус еритематозус и др.)
Ретки болести
Опис
ПЗУ Психомедика организира онлајн програма за психосоцијална поддршка на лица кои се справуваат со некоја хронична болест.
Програмата е изработена од проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска, специјалист психијатар и доктор на медицински науки и Биљана Атанасовска Видановиќ, психолог, гешталт советник.
Програмата е наменета за луѓето кои боледуваат или се грижат за некого кој страда од:
Кардиоваскуларни болести (срцеви болести, мозочен удар, висок крвен притисок и др.)
Дијабетес мелитус
Невролошки болести (мултипла склероза, паркинсонова болест и др.)
Малигни болести
Ревматолошки болести (ревматоиден артритис, системски лупус еритематозус и др.)
Ретки болести
Програмата е ретка можност да го подобрите вашето функционирање, да научите како да живеете со болеста која ве мачи, да научите како да им помогнете на вашите сакани личности.
Со програмата ќе научите:
Како да се справувате со непријатните емоции кои произлегуваат од телесната болест
Како да се опуштите и секојдневно да применувате техники за релаксација
Како да ја прифатите болеста и неизвесноста која таа ја носи
Како подобро да комуницирате со другите членови во семејството
Да научите да живеете квалитетно и покрај загубата на здравјето
Програмата трае 3 месеци, со активности кои ќе ве ангажираат по 15 минути секој работен ден, и ќе можете да учествувате во најмалку 12 интерактивни активности во траење од 1 час. Програмата ќе се одвива преку Facebook група.
Ќе имате можност да следите избалансирана програма со повеќе вежби за поттикнување на промена и одржување на квалитетот на живот. Секоја недела ќе можете да проследите тематско предавање поврзано со потешкотиите кои се јавуваат заради хроничната болест.
Вашето учество може да го пријавите во порака на нашиот профил на facebook: psihomedika онлајн платформа