Оаза за парови
25,500 ден 1 day
За парови кои се во брак или во вонбрачна заедница и кои сакаат да ја засилат врската
За парови кои се во криза
За парови кои се на почеток на врска
За истополови парови
За сите парови кои сакаат да научат и искусат нешто ново
Опис
Ако сакате да ја подобрите Вашата релација со партнерот, да изградите стабилен и ефикасен начин на функционирање тогаш дојдете во Битола и бидете дел од Оазата за парови.
Можеби започнувате нова релација и сакате сé да оди убаво од самиот почеток, можеби сакате да се запознаете подобро и да воспоставите подлабока конекција со партнерот, токму во Оаза за парови тоа ќе го добиете!
Не постои идеална релација, животот нуди различни видови на хаос, конфликти, недостиг на доверба, љубомора, досада и мисли насочени кон прекин на релацијата.
Ви гарантираме пристап до многу техники, совети и стручни ментори за креирање среќна и хармоночна врска.
Во Оазата за парови ќе откриете многу за себе, за Вашиот партнер, очекувањата од врската, како минатото влијае на сегашноста, ќе научите да ги премостите кризите колку и мрачно да Ви изгледаат, ќе развиете нови и корисни начини на комуникација, ќе ги истражувате емоциите и мислите на креативен и забавен начин.
Оаза за парови ќе Ве однесе на едно повисоко ниво кое не сте го искусиле претходно.
Секогаш е добро време за да и дадете инфузија од надеж, забава и позитивна промена на Вашата врска.
За кого е наменета Оазата за парови?
За парови кои се во брак или во вонбрачна заедница и кои сакаат да ја засилат врската
За парови кои се во криза
За парови кои се на почеток на врска
За истополови парови
За сите парови кои сакаат да научат и искусат нешто ново