Андреј (17 години)
Годините и времето не за секој се предизвик, но како индивидуа мојата 17та година ја поминав најтешко во мојот живот, па се надевам дека ќе биде и последна таква година. Претходно два месеци пред новата година почнав да имам деструктивни мисли, зголемен напор и претерана анксиозност. Тоа нешто го контролирав до граница каде што можев. Во текот на оваа година контролата не беше само во мои раце, па сето тоа незамисливото излегуваше насекаде околу мене, тоа можам да го опишам како нагло повлекување од сите социјални друштва, одбивање да јадам, тешкотии во секојдневната хигиена, неред околу мене и фокус смален на ниво каде што неможев да контролирам како ќе сврзам неколку збора во реченица. Во текот на моето детство имав многу трауматични случувања кои би можел да кажам дека почнаа да се изразуваат во мојата внатрешност и надворешното однесување. Едно од многуте беше врсничкото насилство кое започна се од мои 7-8 години и траеше до пред година, две. Секако благодарен сум на сето тоа што ме смени и направи во личноста што сум денес. Во 2018 по многу психички, и еден физички напад како резултат на врсничко насилство побарав помош од моите родители, и тие предложија да посетам психолог, секако за 15 годишен јас тоа беше табу, стресно и заплашувачко но секако ја прифатив помошта и појдов на две психотерапевтски сеанси исто така кај Александра кои ми ја разјасни сета таа појава, како да го контролирам стравот и да се справам со секаквите пораки од останатите луѓе кои имаат негативна цел. Во 2021(на мои 17 години) по мојот обид за самоубиство, секако моите загрижени родители ме однесоа на разговор со психологот Александра, со која се насочивме на тестови кои длабоко ја анализираат личноста, те навраќаат во детството и ја објаснуваат сегашноста. По тие неколку тестови беше утврдено дека имам депресија и анксиозност, кои што продолживме да ги раздлабочуваме и лекуваме со неделните сеанси. На почетокот имав 2 сеанси од по два часа неделно, во кои што правевме секакви вежби за да ја намалиме мојата лоша ментална слика. Во меѓувреме моите деструктивни мисли ги исфрлав од мене така што се самоповредував. Сеансите со Александра беа најдоброто нешто за мене бидејќи сета таа моја паника,страв,мисли, неисправно дишење можеше да ме научи како да ги исконтролирам во неколку минути. Водeните медитации на Александра беа најдоброто нешто за мене, бидејќи го опуштаа мојот мозок и не бев свесен за ништо туку само позитивата во тоа замислено сценарио. Александра ме научи како да ги контролирам своите деструктивни мисли и анксиозност со многу вежби кои што беа не само поучувачки туку и опуштачки за мене. После тие напорни сеанси за мене се смени многу, научив како да ги препознавам добрите работи во се, во околниот мој свет, како подобро да се организирам во врска со секојдневниот живот, како да излезам на улица и уживам во сето тоа без страв дека ќе се случи нешто неочекувано и лошо. Задоволноста од психологот Александра не можам да ја опишам бидејќи само јас знам колку добро и позитивно ми влијаеше и ги промени сите негативни навики од мојот живот. Би ја препорачал на сите луѓе што страдаат од загрозување на нивната ментална слика бидејќи добро знае да го запознае човекот, ја разграничи негативноста и те испрати како сосема нов. Одењето на психолог или психијатар не треба да биде некоја табу тема за никој, бидејќи тоа е нешто што може да ви помогне и спаси од сето тоа од кое што патите.